ЖЕНИ ПОПРАВАЈТЕ ГИ ГРЕШКИТЕ!!!!!!!!!!
Monday, May 19, 2008

*Како знак на женственост отсекогаш била долгата коса.Но, доколку не умеете да ја негувате заборавете на тоа и имајте кратка, но средена фризура.
*Сите знаеме дека високите потпетици се навистина доста модерни и стојат навистина секси на секоја жена, но доколку не знаете да одите во нив подобро не трошете пари, туку купете си некои пониски кои ќе бидат удобни на вашата нога.
*Добро би било да се знае кога треба да одите
некаде како да се облечете.Ако имате на себе многу јака шминка и „едно кило“пудра и предотерана од глава до петици,ќе приметите и самите дека сепак тоа би изгледало многу невкусно и непријатно, па затоа внимавајте како ќе ја вклопите облеката на вашето тело и истовремено дискретно нашминкајте се.

May 20, 2008 at 4:21 PM
На многу повозрасни жени, очајно и треба поправање на грешките во излгледот. Некои мислат дека со 40-тата година се веќе бабички и повеќе не прават апдејт на гардеробата и несесерот со шминки, а други на истата возраст изгледаат (т.е.сакаат да изгледаат)како тинејџерки, повеќе од нивните деца.