Ммммммм....тие слатки нешта  

Monday, May 19, 2008

Кога ќе се спомнат слатките, и мажите и жените неможат да одолеат, а да не пробаат. Но, дали повеќе мажите или жените сакаат слатки? Се разбирадека жените се поголемите љубители на слатките. Таа женска љубов спрема слатките најмногу се чуствува за време на менструалниот циклус. Секоја жена во тој период има зголемена потреба за благо. Друга причина поради која жените ги јадат слатките е стресот. Честопати се случува да сме нервозни и да посегнеме по нешто благо за да го намалиме стресот. За разлика од нив мажите сметаат дека слатките се за уживање па затоа кога ти се под стрес повеке посегнуваат по масти и белковини. Кога се под стрес жените имаат нередовни оброци или пак она што го внесуваат во организмот нема доволно хранливи состојќи. Затоа тие во замена за оброк каснуваат нешто што би ги држело повеќе од два саата, па во тој случај каснуваат нешто благо. Така ќе се чуствуваат задоволно бидејќи ќе внесат поголемо количество на шеќер и ќе чуствуваат помалку стрес. Затоа одете до најблиската продавница и купете си нешто благо.

AddThis Social Bookmark Button


 

Design by Amanda @ Blogger Buster