ЖЕНИТЕ И ПОЛИТИКАТА
Wednesday, May 21, 2008
Поттикнати од големиот број настани поврзани со прашањето-жените и политиката се претпоставува дека жените т.е. „на власт“ кај нас сè уште немаат чувство за постоење на глобални проблеми кои најмногу ја погодуваат жената.Така да,доколку вашата констатација е точна би можело да се одговори дека причините за неактивноста на жените во политиката се веројатно резултат на различните видувања на нештата.Имено, вклучувањето во власта и политиката, без разлика дали станува збор за маж или жена е пред се водено од личните интереси и мотиви-моќ, позиција,статус.Поаѓајќи од таа перспектива не е ни чудно зошто повеќето жени вклучени во власта,не преземаат иницијативи кои би воделе до зголемено учество на жените особено на оние функции кои се доделуваат по пат на именување.Затоа е особено значајно да се работи токму на јакнењето на свеста и да се градат стратегии за начините на кои би можела да се оствари поголема партиципација на жените во решавачките структури.Ваквите иницијативи можат да се најдат во рамките на граѓанскиот сектор.
0 comments: to “ ЖЕНИТЕ И ПОЛИТИКАТА ”
Post a Comment