Истакнете ги вашите облини со добар избор на фармерки
Friday, May 23, 2008
Како најлесен и тренди избор кој секогаш се носи се фармерките. Широки, тесни, светли или темни секогаш се ин и секоја жена има барем по еден пар фармерки во својот гардеробер. Но, треба да се направи правилен избор на фармерки кои ке ги истакнуваат природните облини на жената, а сепак да ги покријат оние недостатоци на своето тело.
Еве неколку совети за да не погрешите во изборот на фармерките:
- Оние кои се послаби и со не многу нагласени облини треба да носат фармерки кои имаат рамни ногавици и како додатоци да имаат повеќе џебови. Така ќе изгледате поубаво и ке ги надополните потребните облини. Недостатокот на килограми можете да го надополните и со фамерки со класичен крој
- За оние коишто имаат понагласени облини би требало да носат фармерки со потемен џинс и да немаат задни џебови бидејќи тие уште повеќе ке ги направат вашите облини пообемни
- Малку покомплицирани се оние кои имаат поголем задник и тие би требало да носат фармерки со низок струк и без џебови, но во случај да се високи. За оние пониските не важи тоа бидејќи таквиот џинс ќе ја скрати таквата фигура баш кај што не треба. Затоа носете фармерки со малку повисок струк и благо проширени ногавици. Ако на фармерките имате штепована линија во должина тогаш сигурно вашата фигура ќе изгледа поиздолжено
- Оние кои имаат пошироки колкови треба да избегнуваат фармерки кои маат предни џебови бидејќи така уште повеќе ќе ги прошират. Идеален избор на фармерки за нив е џинс со потемна боја, без предни џебови и по можност пошироки ногавици за га го намалат обемот на колковите
0 comments: to “ Истакнете ги вашите облини со добар избор на фармерки ”
Post a Comment