МАШИНИТЕ И ЖЕНИТЕ
Wednesday, May 21, 2008
Дали слободата на жената започнува со појавата на струјата и со појавата на машините за домаќинство?Дали жената започнува да се спознава и препознава преку кујната?Прашања кои веруваме секоја жена си ги поставува катадневно,а особено сега кога информатиката го доживува својот зенит.Денес ништо не е необично доколку во кујната се судрите со еден плакар во кои едно до друго се наместени фрижидерот,машините и миксерот.Апаратите за домаќинство на почетокот од веков се вгнездиле длабоко во нашите огништа оставајќи малку по малку простор кај жените за нивно ослободување од домашните обврски.Феминистките,секоја од свој агол ја прифатиле појавата на роботиката во дмаќинството.Првите електрични апарати на кои местото им е во домаќинството се правошмукалката 1859 г. , машината за за миење садови 1865 г.Кај нас, за жал, сето тоа доаѓа многу подоцна но денес ниту нашите жени не заостануваат во поглед на можноста да ги снабдат сопствените кујни со сите потребни апарати за домаќинство.
0 comments: to “ МАШИНИТЕ И ЖЕНИТЕ ”
Post a Comment