Некои мали совети за да бидете ИН  

Saturday, May 24, 2008


Совети за чиста убавина и стил:

Во водата за капење ставете неколку ливчиња нане за да се чуствувате свежи и релаксирани и убаво искапете се. По капењето добро исушете и намачкајте го вашето тело со млеко, лосион, пудра или пак со некој свеж тоник за вашата кожа да биде помазна и помека. Облечете се удобно во некоја мека памучна облека и секогаш менувајте ја вашата облека барем двапати во денот. Ако ви е потребна шминка тогаш можете да нанесете некоја лесна маскара. Не е потребно да го оптоварувате лицето со некоја пудра, едноставно можете да го намачкате со некоја крема и да ставите малку руменило.


Сега се ИН долгите фустани:


Како ваша опција за оваа пролет се долгите летни фустани и туниките кои можете да ги искомбинирате со некои летни сандали или пак со чевлите од типот на балерина.


Заштита на вашата кожа:


Доколку сте изложени подолго време на сонце, задолжително намачкајте се дома со некоја крема која има заштитен фактор за вашата кожа да не се исуши од сонцето и да изгорите. Носете очила за сонце за да се заштите од силните сончеви и зраци, за да ја заштитите вашата коса и главата пожелно би било да носите некој сламен шешир или некоја друга опција на шстосни капи.


Отстранете ги дамките од мозолчињата:


За да немате дамки од мозолчиња држите ги вашите нокти подалеку од вашето лице. Доколку ги иритирате тие ќе остават траги на вашето лице. Чистете го вашето лице со некој добар лосион кој содржи клиндамицин. Мачкајте го редовно со крема која ќе одговара на вашиот тип на кожа. Доколку сте предизвикале иритација на мозолчињата посетете козметичар.

AddThis Social Bookmark Button


 

Design by Amanda @ Blogger Buster