ПРАИСТОРИСКИ ДАМИ  

Wednesday, May 21, 2008

Жената во праисторијата била почитувана и се сметала како столб во едно семејство,симбол на плодноста и на убавината. Ја сметале за многу важна личност бидејќи се грижела за огништето – домот, куќата и своето семејство.Од самата жена – мајка произлегол човекот и светот. Од неа се се создава, завршува и повторно се препородува во неа. Таа е самата куќа. Садот е нејзината утроба, земјата (теракотата) е нејзината карактеристика. Во дамнешните времиња жената била заштитничка на биолошката репродукција и како таква била љубена, обожувана и почитувана. Така е денес, а така било и во далечното минато.Уметниците од неолитот и палеолитот кои ги вајале праисториските дами, додека го вајале нивното тело, обожавале да ги истакнуваат нивните природни атрибути. Тие вешто изработени статуетки ги поставувале на централно место во домот. На тој начин остварувале комуникација со боговите и имале среќа во домот и семејството. Статуетките или фигурите на убавите Неолитски дами се во седечка или стоечка положба, столбовидни, но и цилиндрични фигури поставени на модел од куќа. Имаат потенцирани колкови, гради, стомак и бедра.

Како продолжение на неолитските традиции се појавуваат минијатурните женски фигури од Енеолитот. Тие се изработени од керамика и се слични на Неолитските фигури самошто нивното тело е надополнето со орнаменти изведени во техниката на врежување во свежа глина.

AddThis Social Bookmark Button


1 comments: to “ ПРАИСТОРИСКИ ДАМИ

  • HAEMUS
    July 22, 2010 at 12:58 AM  

    Убаво што си го позајмила текстот, само требало да го споменеш оригиналниот извор, оти овој напис најмалку барем 3 пати е публикуван во книги и списанија пред да го поставам на интернет. ;)

 

Design by Amanda @ Blogger Buster