Жените...лидери на бизнисот  

Sunday, May 18, 2008

Жените на 50-годишна и поголема возраст се идеални кандидатки да бидат шефови и да го водат бизнисот. Ова е докажано според една анкета која е спонзорирана од страна на ,,British Telecomunications” . Во оваа анкета се вели дека жените се во предност во однос на мажите бидејќи имаат нежна рака за да управуваат со новите технологии и ги согледуваат предностите во својата работа и имаат поголема доверба во работниците кои своите работни обврски ги исполнуваат на терен односно надвор од канцеларијата.Анкетата направена на 3000 раководители во високо технолошкиот сектор, покажала дека недовербата се намалува со се поголемата возраст на шефот. Определувањето на нивниот работен персонал е многу битно, повеќе и некои други работни обврски. ,,British telecomunications” смета дека жената ќе биде таа што ќе го води и ќе биде лидерот на бизнисот поради нивниот социјален и емотивен пристап кон работата. Тие ќе бидат оној баланс кој е потребен за да се отстранат негативните влијанија на работното место.

AddThis Social Bookmark Button


 

Design by Amanda @ Blogger Buster