Што е тоа, поради што жените се чувствуваат среќни?
Sunday, May 18, 2008
Понекогаш се прашуваме дали е тешко некој нас да не разбере или ние сме толку сложени како што самите мажи имаат претстава за нас. Мажите би дале се да бидат во женската потсвест и да дознаат што е тоа всушност што жената ја прави среќна, за на тој начин тие да можат да и угодуваат и да и приредуваат пријатни изненадувања. За жал според една анкета е докажано дека всушност она што мажите ги прави среќни, во никој случај не е она што жените ги прави среќни........како би можеле да го промениме тоа...? Жените би биле среќни и задоволни доколку успеат да се решат од вишокот на килограми многу лесно, да го најдат идеалниот сопруг и да имаат дете. Додека пак мажите би можеле да бидат среќни и задоволни доколку би имале кригла ладно пиво во својата рака или уживаат на некоја плажа со некоја русокоса убавица. Но, едно нешто што ги прави среќни и мажите и жените се страсните бакнежи како и прекрасните подароци кои се подаруваат без некој посебен повод....интересно нели?
0 comments: to “ Што е тоа, поради што жените се чувствуваат среќни? ”
Post a Comment