НАПРЕД ДОМАЌИНКИ  

Thursday, May 8, 2008


Сега е актуелно да бидете домаќинка. И на ТВ-екраните и во нашето опкружување. Да не бидете кариеристка, туку госпоѓа. Да не бркате профит туку сопругот да ве издржува. Стресот да го замените со релаксација. Канцеларијата да ја замените со вашиот дом. Да ја почуствувате топлината на вашиот дом, дружејќи се со вашиот сопруг и децата. Да бидете целосно опуштени, и да се чуствувате како вистинска госпоѓа која ужива во слободното време дружејќи се со семејството, пријателките и во она што жените најмногу го посакуваат: шопингот.

Само ако сте дома можете:

*На раат да се разбудите

*Да го испиете утринското кафе со сопругот

*Да го испратите со бакнеж на работа

*Да ги однесете децата во градинка или на училиште

*Дотерани да пазарувате во некој од супермаркетите

*Да испиете пладневно кафе со пријателките

*да приготвите ручек за најблиските

*да ги земете децата од градинка или училиште

*сопругот да се врати од работа и да ви каже:"Што убаво мириса од кујната"

*да испиете пладневно кафе со сопругот и да прочитате некој добар весник

*да имате време за хоби, прошетка, за кино или за да изгледате добар филм дома

На запад паметните жени тоа го знаат одамна. Не форсираат да бидат деловни жени, туку мајки, сопруги, домаќинки. Кај нас паметните жени тоа го сфаќаат сега. Нормално, со чесни исклучоци. Да живеат македонските "Очајни домаќинки" Сузан, Бри, Линет, Габриел и Иди!

AddThis Social Bookmark Button


1 comments: to “ НАПРЕД ДОМАЌИНКИ

 

Design by Amanda @ Blogger Buster