МОНА ЛИЗА-ДОМАЌИНКА КОЈА ГО СТАВИ СВЕТОТ ВО НЕДОУМИЦА!  

Wednesday, May 21, 2008



Во изминавиве 500 години, од кога Леонардо да Винчи ги нанел првите потези на платното што подоцна ќе стане портрет на најпознатата домаќинка во историјата, за Мона Лиза е напишана обемна литература, цела митологија.Денес таа е глобална икона со статус на модерна сфинга.Дали тој што ќе ја открие тајната на молчеливо- циничниот безизраз на нејзиното лице ќе го олесни светов за една мистерија помалку?...Мона Лиза-фам фаталот на италијанската ренесанса.Француските кралеви долго време ја чувале во бањите на дворецот Фонтенбло.Едно време, таа му правела друштво и на Наполеон во неговата спална соба.Писателите, како Жил Мишле, Жил Верн и Стефан Маларме и изјавувале љубов преку зборови...Денес Мона Лиза важи за глобална иконаи симбол на западната култура.Култура на потрошувачката и профитот, во која експлоатацијата на нејзиниот портрет е подеднакво возможна и оправдана како и генетското илонирање.Денес знаеме дека Мона Лиза била родена на 15 јуни 1479 година, како ќерка на еден ситен благородник.Кога Лиза, со моминско презиме Џерардини, на 16 години се венчала со Франческо ди Бартоломео де Зануби дел Џикондо, кој тогаш имал 35 години,во својот чеиз понела 170 флорини.Во времето кога Франческо дел Џикондо побарал од Леонардо да го наслика портретот на неговата млада сопруга,Лиза веќе била мајка на една ќеркичка која починала како мала, и на две момчиња.Џорџо Вазари, биограф и современик на голем број италијански ренесансни мајстори,тврдел дека Леонардо се обидувал да измами насмевка на лицето на Мона Лиза ангажирајќи музичари и пејачи, коишто ја забавувале додека таа му позирала.На тој начин, наводно, портретот не испаднал меланхоличен ,како што обично портретите од тоа време делуваат.Но, тој податок на Вазари често е посочуван како сомнителен , бидејќи бил од втора рака.Подеднакво „проверен“е и податокот дека Мона Лиза му била тајна њубов на Леонардо и дека тоа е вистинската причина што уметникот се до својата смрт со себе го носел портретот, каде и да патувал.Некои експерти веруваат дека Мона Лиза е автопортрет на Леонардо,и е подеднакво недостижна,дистанцирана, недопирлива, таинствена.Исто како и самиот Леонардо,и таа на прв поглед изгледа како обичен човек, создаден од истата материја како и сите други.Но, исто како што Леонардо пишувал исклучиво за себе така и Мона Лиза е воздржана во својот однос кон другите.На тој начин го привлекува нашето внимание а ние измислуваме секакви приказни зад нејзината молчаливост. Митот за неа се зголемува во зависност од маќта на нашата фантазија.Како со таа воздржана насмевка да ни се потсмева, нам гледачите, во целиот наш безуспешен напор да ја разоткриеме.За да ја нацрта на Леонардо му биле 4 години работа.Наместо да ја испорача на нарачателот Да Винчи портретот го носел со себе каде и да патувал, некаде по пат ја досликал и заднината, од која Мона Лиза како да е отсечена.Таа е далечна енигматична, тивка и молчелива...Површно гледано, таа нема ниту некоја особена физичка карактеристика што би укажала на нејзиното минато или што би ја навестила нејзината иднина.Таа е безизразна, празна, како огледало.А тие што се залудени по неа? Па, тие се вљубуваат во приказната што доброволно ќе и ја прикачат, занесени по својата фантазија, претстава, илузија...

AddThis Social Bookmark Button


 

Design by Amanda @ Blogger Buster