Пролетен избор на фризури и модни детали
Friday, May 23, 2008
Пролетта е веќе во тек, се е свежо и ново па така да и вие дами треба да бидете свежи и променети...едноставно прекрасно пролетни. Променете ја вашата фризура, изгледајте поубаво, дотерајте се и уживајте во вашата убавина. Оваа пролет се ин степенастите фризури и дијагоналните крмки. А за подолгите прави и целосно стилизирани коси се ин секакви видови на кокови. Во однос на гардеробата оваа пролет од модните парчиња изберете нешто во жолта, зелена, црна или бела боја. Повторно се враќа онаа мода со висок струк и високите потпетици, а како најдобар избор за дневна шема ви се чевличките од типот на балерина. А големите чанти сеуште остануваат ин, но сеа со малку повеќе украси. Оние кои не го сакаат овој избор на чанти можат да ги изберат портмоне чантите кои повторно го заживуваат својот тренд. Достапни се и во џинс варијанта.
0 comments: to “ Пролетен избор на фризури и модни детали ”
Post a Comment