ЖЕНИ АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ПОВИТКИ И ПОЗДРАВИ...РАБОТЕТЕ  

Saturday, May 17, 2008

Во едно британско истражување пренесено од Би-Би-Си, се вели дека жените кои одат на работа се поздрави од жените кои се домаќинки. Направено е испитување на 1200 жени на возраст помеѓу 15-54 години во период од неколку десетлетија. Резултатите од анализите покажуваат дека жените кои после 5о-годишна возраст се омажени, имаат деца и постојана работа имаат подобра здравствена состојба од оние кои не ги исполнуваат овие 3 задолженија. Жените кои се домаќинки своето здравје го определуваат како ,,расклатено". Зад нив се самохраните мајки и жените без деца. Во однос на телесната тежина, 38% од домаќинките страдаат од прекумерна тежина, додека кај оние вработени има само 23% од нив кои имаат вишок на килограми. Факт е дека домаќинките се движат многу помалку од вработените жени , готват повеќе, а според тоа и јадат повеќе. Иако е познато дека жените кои имаат работни обврски се подложни на стрес, сепак истражувањата покажале дека на долгорочен план тоа има позитивино влијание.

AddThis Social Bookmark Button


 

Design by Amanda @ Blogger Buster