Од кој свет сме ние жените !  

Friday, March 27, 2009

Погледнете се и ке знаете за што зборувам.
Мислев дека ке си продолжиме да си бидеме онакви какви што ни наведува еволуцијата.
Еволуција hello!
Значи развиток, промена, напредок.
А јас се некако добивам впечаток дека си стоиме на место.
Никако еволуцијава да ја направиме револуција.
Со ова нека кратко интро нека започнат игрите.
Ќе се биде неможе НЕ!

AddThis Social Bookmark Button


ИНТРО...  

Saturday, May 24, 2008


Добредојдовте на блогот создаден да ви ги покаже тајните на жената и сите нејзини позитивни особини, но и нејзините мани. Воедно ќе ви даде некои совети како да бидете успешни, модерни, прекрасни... ЕДНОСТАВНО НЕОДОЛИВИ. Блог на кој истовремено ќе бидат претставени најдобрите, најуспешните, но воедно и некои од најголемите злобници од женскиот род. Сепак сите се очајни домаќинки...

AddThis Social Bookmark Button


Некои мали совети за да бидете ИН  


Совети за чиста убавина и стил:

Во водата за капење ставете неколку ливчиња нане за да се чуствувате свежи и релаксирани и убаво искапете се. По капењето добро исушете и намачкајте го вашето тело со млеко, лосион, пудра или пак со некој свеж тоник за вашата кожа да биде помазна и помека. Облечете се удобно во некоја мека памучна облека и секогаш менувајте ја вашата облека барем двапати во денот. Ако ви е потребна шминка тогаш можете да нанесете некоја лесна маскара. Не е потребно да го оптоварувате лицето со некоја пудра, едноставно можете да го намачкате со некоја крема и да ставите малку руменило.


Сега се ИН долгите фустани:


Како ваша опција за оваа пролет се долгите летни фустани и туниките кои можете да ги искомбинирате со некои летни сандали или пак со чевлите од типот на балерина.


Заштита на вашата кожа:


Доколку сте изложени подолго време на сонце, задолжително намачкајте се дома со некоја крема која има заштитен фактор за вашата кожа да не се исуши од сонцето и да изгорите. Носете очила за сонце за да се заштите од силните сончеви и зраци, за да ја заштитите вашата коса и главата пожелно би било да носите некој сламен шешир или некоја друга опција на шстосни капи.


Отстранете ги дамките од мозолчињата:


За да немате дамки од мозолчиња држите ги вашите нокти подалеку од вашето лице. Доколку ги иритирате тие ќе остават траги на вашето лице. Чистете го вашето лице со некој добар лосион кој содржи клиндамицин. Мачкајте го редовно со крема која ќе одговара на вашиот тип на кожа. Доколку сте предизвикале иритација на мозолчињата посетете козметичар.

AddThis Social Bookmark Button


Пролетен избор на фризури и модни детали  

Friday, May 23, 2008

Пролетта е веќе во тек, се е свежо и ново па така да и вие дами треба да бидете свежи и променети...едноставно прекрасно пролетни. Променете ја вашата фризура, изгледајте поубаво, дотерајте се и уживајте во вашата убавина. Оваа пролет се ин степенастите фризури и дијагоналните крмки. А за подолгите прави и целосно стилизирани коси се ин секакви видови на кокови. Во однос на гардеробата оваа пролет од модните парчиња изберете нешто во жолта, зелена, црна или бела боја. Повторно се враќа онаа мода со висок струк и високите потпетици, а како најдобар избор за дневна шема ви се чевличките од типот на балерина. А големите чанти сеуште остануваат ин, но сеа со малку повеќе украси. Оние кои не го сакаат овој избор на чанти можат да ги изберат портмоне чантите кои повторно го заживуваат својот тренд. Достапни се и во џинс варијанта.

AddThis Social Bookmark Button


Истакнете ги вашите облини со добар избор на фармерки  

Како најлесен и тренди избор кој секогаш се носи се фармерките. Широки, тесни, светли или темни секогаш се ин и секоја жена има барем по еден пар фармерки во својот гардеробер. Но, треба да се направи правилен избор на фармерки кои ке ги истакнуваат природните облини на жената, а сепак да ги покријат оние недостатоци на своето тело.

Еве неколку совети за да не погрешите во изборот на фармерките:

  • Оние кои се послаби и со не многу нагласени облини треба да носат фармерки кои имаат рамни ногавици и како додатоци да имаат повеќе џебови. Така ќе изгледате поубаво и ке ги надополните потребните облини. Недостатокот на килограми можете да го надополните и со фамерки со класичен крој
  • За оние коишто имаат понагласени облини би требало да носат фармерки со потемен џинс и да немаат задни џебови бидејќи тие уште повеќе ке ги направат вашите облини пообемни
  • Малку покомплицирани се оние кои имаат поголем задник и тие би требало да носат фармерки со низок струк и без џебови, но во случај да се високи. За оние пониските не важи тоа бидејќи таквиот џинс ќе ја скрати таквата фигура баш кај што не треба. Затоа носете фармерки со малку повисок струк и благо проширени ногавици. Ако на фармерките имате штепована линија во должина тогаш сигурно вашата фигура ќе изгледа поиздолжено
  • Оние кои имаат пошироки колкови треба да избегнуваат фармерки кои маат предни џебови бидејќи така уште повеќе ќе ги прошират. Идеален избор на фармерки за нив е џинс со потемна боја, без предни џебови и по можност пошироки ногавици за га го намалат обемот на колковите


AddThis Social Bookmark Button


Жените - поуспешни лажги од мажите  

Thursday, May 22, 2008

Жените се многу поуспешни во лажењето одколку мажите. Во едно истражување се вели дека всушност лажењето за жените е како еден вид техника за преживување, бидејќи тие лажат тогаш кога сакаат да постигнат или да добијат нешто. Но, иако жените се талентирани за лажење не се толку способни да го излажат детекторот за лаги.
Женски лаги:

* кога купуваат некоја скапа чанта најчесто ја кинат цената и кажуваат дека ја купиле по многу пониска цена отколку што таа навистина чини
*50% од нив велат дека уживаат во чувањето и дружењето со своите деца, но сепак им завидуваат на оние кои се слободни, кои сеуште немаат деца и семејство
*повеќе од 60% од жените ги имаат изневерено своите партнери
*повеќето жени лажат дека се со постари затоа што ги сакаат, а всушност тие се со нив заради нивните пари
*тие лажат понекогаш и за пластичните операции, за парите и слично за да се натпреваруваат со другите жени, но всушност ти се залажуваат самите себе си

AddThis Social Bookmark Button


МАЛИ ЖЕНСКИ СОВЕТИ ЗА СЕКСИ ИЗГЛЕД  

Wednesday, May 21, 2008

Доколку не можете да се ослободите од идејата дека вашето тело мора да изгледа совршено и дека треба да бидете голема заводничка-еве неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат да се чувствувате поопуштено во врска со вашиот изглед,а со самото тоа да имате и повеќе самодоверба...


Употребете мали „козметички трикови“:

Направете се што можете да го разубавите вашиот изглед(се разбира тука, не мислиме на пластична операција) Малите козметички трикови можат да направат да се почувствувате многу подобро во сопствената кожа,а со самото тоа подобро и ќе изгледате.

1.Направете депилација на нозете, препоните и пазувите,

2.Посетете маникир и педикир,

3.Истуширајте се и секогаш имајте чиста коса,

4.Намачкајте го телото со хранлив крем,

5.Не заборавајте на свежиот здив,не ставајте премногу парфем,нашминкајте се таман толку колку да се чувствувате привлечно (совет:помалку е подобро),

6.Одберете убава долна облека-за уште повеќе самодоверба.

AddThis Social Bookmark Button


 

Design by Amanda @ Blogger Buster