ПРАИСТОРИСКИ ДАМИ
торијата била почитувана и се сметала како столб во едно семејство,симбол на плодноста и на убавината. Ја сметале за многу важна личност бидејќи се грижела за огништето – домот, куќата и своето семејство.Од самата жена – мајка произл
егол човекот и светот. Од неа се се создава, завршува и повторно се препородува во неа. Таа е самата куќа. Садот е нејзината утроба, земјата (теракотата) е нејзината карактеристика. Во дамнешните времиња жената била заштитничка на биолошката репродукција и како таква била љубена, обожувана и почитувана. Така е денес, а така било и во далечното минато.Уметниците од неолитот и палеолитот кои ги вајале праисториските дами, додека го вајале нивното тело, обожавале да ги истакнуваат нивните природни атрибути. Тие вешто изработени статуетки ги поставувале на централно место во домот. На тој начин остварувале комуникација со боговите и имале среќа во домот и семејството. Статуетките или фигурите на убавите Неолитски дами се во седечка или стоечка положба, столбовидни, но и цилиндрични фигури поставени на модел од куќа. Имаат потенцирани колкови, гради, стомак и бедра.
Како продолжение на неолитските традиции се појавуваат минијатурните женски фигури од Енеолитот. Тие се изработени од керамика и се слични на Неолитските фигури самошто нивното тело е надополнето со орнаменти изведени во техниката на врежување во свежа глина.

by Anonymous | 1 comments
ЖЕНИТЕ И ПОЛИТИКАТА
by Ivanka | 0 comments
МАШИНИТЕ И ЖЕНИТЕ
Дали слободата на жената започнува со појавата на струјата и со појавата на машините за домаќинство?Дали жената започнува да се спознава и препознава преку кујната?Прашања кои веруваме секоја жена си ги поставува катадневно,а особено сега кога информатиката го доживува својот зенит.Денес ништо не е необично доколку во кујната се судрите со еден плакар во кои едно до друго се наместени фрижидерот,машините и миксерот.Апаратите за домаќинство на почетокот од веков се вгнездиле длабоко во нашите огништа оставајќи малку по малку простор кај жените за нивно ослободување од домашните обврски.Феминистките,секоја од свој агол ја прифатиле појавата на
роботиката во дмаќинството.Првите електрични апарати на кои местото им е во домаќинството се правошмукалката 1859 г. , машината за за миење садови 1865 г.Кај нас, за жал, сето тоа доаѓа многу подоцна но денес ниту нашите жени не заостануваат во поглед на можноста да ги снабдат сопствените кујни со сите потребни апарати за домаќинство.by Ivanka | 0 comments
КРАЈ НА ДИЛЕМИТЕ ОКОЛУ ЖЕНСКИТЕ ПОДАРОЦИ
ОВЕН- оваа жена сака да се истакнува во турканиците и да биде забележувана најчесто.Најдете подароци што имаат ексклузивна етикета на нив-модни детали од дизајнери како на пр.накит, очила,и сл. сигурно ќе им се допаднат.
ВАГА-овие жени почестете ги со елегантно јадење покрај свеќи,подарете и некоја убава дона облека и сл.

by Marija | 0 comments
10 КОРИСНИ ПРАВИЛА НА ЖЕНАТА ЗА СЕКОЈ ДЕН
***Ова се десетте добри навики што ги препорачува природната медицина за да го зачувате чист организмот преку целата година.***by Marija | 0 comments
МОНА ЛИЗА-ДОМАЌИНКА КОЈА ГО СТАВИ СВЕТОТ ВО НЕДОУМИЦА!
Во изминавиве 500 години, од кога Леонардо да Винчи ги нанел првите потези на платното што подоцна ќе стане портрет на најпознатата домаќинка во историјата, за Мона Лиза е напишана обемна литература, цела митологија.Денес таа е глобална икона со статус на модерна сфинга.Дали тој што ќе ја открие тајната на молчеливо- циничниот безизраз на нејзиното лице ќе го олесни светов за една мистерија помалку?...Мона Лиза-фам фаталот на италијанската ренесанса.Француските кралеви долго време ја чувале во бањите на дворецот Фонтенбло.Едно време, таа му правела друштво и на Наполеон во неговата спална соба.Писателите, како Жил Мишле, Жил Верн и Стефан Маларме и изјавувале љубов преку зборови...Денес Мона Лиза важи за глобална иконаи симбол на западната култура.Култура на потрошувачката и профитот, во која експлоатацијата на нејзиниот портрет е подеднакво возможна и оправдана како и генетското илонирање.Денес знаеме дека Мона Лиза била родена на 15 јуни 1479 година, како ќерка на еден ситен благородник.Кога Лиза, со моминско презиме Џерардини, на 16 години се венчала со Франческо ди Бартоломео де Зануби дел Џикондо, кој тогаш имал 35 години,во својот чеиз понела 170 флорини.Во времето кога Франческо дел Џикондо побарал од Леонардо да го наслика портретот на неговата млада сопруга,Лиза веќе била мајка на една ќеркичка која починала како мала, и на две момчиња.Џорџо Вазари, биограф и современик на голем број италијански ренесансни мајстори,тврдел дека Леонардо се обидувал да измами насмевка на лицето на Мона Лиза ангажирајќи музичари и пејачи, коишто ја забавувале додека таа му позирала.На тој начин, наводно, портретот не испаднал меланхоличен ,како што обично портретите од тоа време делуваат.Но, тој податок на Вазари често е посочуван како сомнителен , бидејќи бил од втора рака.Подеднакво „проверен“е и податокот дека Мона Лиза му била тајна њубов на Леонардо и дека тоа е вистинската причина што уметникот се до својата смрт со себе го носел портретот, каде и да патувал.Некои експерти веруваат дека Мона Лиза е автопортрет на Леонардо,и е подеднакво недостижна,дистанцирана, недопирлива, таинствена.Исто како и самиот Леонардо,и таа на прв поглед изгледа како обичен човек, создаден од истата материја како и сите други.Но, исто како што Леонардо пишувал исклучиво за себе така и Мона Лиза е воздржана во својот однос кон другите.На тој начин го привлекува нашето внимание а ние измислуваме секакви приказни зад нејзината молчаливост. Митот за неа се зголемува во зависност од маќта на нашата фантазија.Како со таа воздржана насмевка да ни се потсмева, нам гледачите, во целиот наш безуспешен напор да ја разоткриеме.За да ја нацрта на Леонардо му биле 4 години работа.Наместо да ја испорача на нарачателот Да Винчи портретот го носел со себе каде и да патувал, некаде по пат ја досликал и заднината, од која Мона Лиза како да е отсечена.Таа е далечна енигматична, тивка и молчелива...Површно гледано, таа нема ниту некоја особена физичка карактеристика што би укажала на нејзиното минато или што би ја навестила нејзината иднина.Таа е безизразна, празна, како огледало.А тие што се залудени по неа? Па, тие се вљубуваат во приказната што доброволно ќе и ја прикачат, занесени по својата фантазија, претстава, илузија... by Ivanka | 0 comments




