СО ВРЕДНА ЖЕНА КОН СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО  

Friday, May 16, 2008

Секој маж посакува својата жена да го достигне врвот за да стане вистинска домаќинка. Исто така ќе се грижи за своето семејство, ќе ги извршува сите куќни обврски, ќе ги подготвува своите деца за на училиште, но со ова не велам дека себе си ќе се запостави,напротив, ќе се грижи и за себе, за својот изглед, поготово да изгледа прекрасно за своето семејство. Кое отсекогаш ќе ја сака и ќе ја почитуваат нејзината добрина,милост, и секако нејзината работливост да ја ценат.
Но, сепак, жената ја поседува онаа нежна страна која посакува дури и повеќе да си посвети време за себе т.е. на својата убавина.Тоа негување продолжува но со помала мера, бидејќи како домаќинка почесто ќе се врти околу куќата, околу домашните обврски кои треба да ги изврши за да може заедно со семејството да живеат во прекрасен и чист дом каде што ќе владее хармонија, среќа и љубов.

AddThis Social Bookmark Button


СО БОРБА ДО УСПЕШНА ЖЕНА  


За да може еден маж да има жена која ќе биде успешна , уште подобро би било ако таа е со диплома,со кариера, во искачување и мотивирана, мажот нормално дека добива повеќе.Уште повеќе таа има плата што тежи 12% повеќе од неговата.Таа не е само домаќинка или таква која како мирис ја носи својата убавина и одбрала да биде мајка и толку.
Од некои истражувања се вели дека жената која се мажи за маж со големо професионално ниво заработува 15% повеќе од таа која ќе се омажи за маж без амбиции и 45% во однос на просекот.Порастот е мал во однос на мажите затоа што дипломираните жени заработуваат помалку од мажите.

AddThis Social Bookmark Button


ЕЕЕ ЖЕНИ, ЖЕНИ.......  

Thursday, May 15, 2008

Прашањата што постојано се поставуваат тоа се: Зошто жената помалку активно се занимава со политиката, како таа се снаоѓа со обврските по дома, колку време му посветува внимание на семејството, дали добро ги извршува своите професионалните обврски и слично.Жените се биолошки одредени да бидат мајки и природно е тие да се грижат за домаќинството,за социјализацијата и воспитувањето на децата, и за сите работи и потреби врзани за семејството, а мажот кој е глава на семејството треба да мисли на егзистенција и да обрне повеќе внимание на политиката.Но, крајно време е да се урнат тие полови и родови стереотипи што традиционално се пренесуваат од генерација на генерација.Жените бизнисменки, претприемачи и политичарки во Македонија, во најголем дел се сопруги,мајки, добри домаќинки и одлични професионалки во својата работа.Со огромна упорност жената може успешно да се пробие во сите сфери и на сите полиња.Патот на успехот е тежок, но вреди да се вложи труд ако крајната цел е успехот, и затоа ова нека биде поттик за секоја жена која сака, може и умее да се вклучи во општествениот живот.................ПА ЗАТОА ЖЕНИ БИДЕТЕ ХРАБРИ И УПОРНИ ВО СЕ ОНА ШТО ГО РАБОТИТЕ И БОРЕТЕ СЕ ЗА СВОИТЕ ПРАВА И ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА ВАШИОТ ТРУД НАВИСТИНА ВРЕДИ.

AddThis Social Bookmark Button


Најголемите злосторни жени во историјата  



Откако Ева ја откинала онаа злобна јаболка од дрвото на доброто и злото во рајскиот двор, женскиот род се насочил или кон уживање или патење ,затоа што жените се пол кој раѓаат деца и нивна задача е да ги чувааат. Жените се нежен пол, поубав пол,послаб пол,но кога се случувало да скршат од правиот пат и да му нанесат зло на својот маж тогаш се осудувани не само заради криминалот туку и затоа што се жени. Во оваа сторија за жената се опишува, како жените правеле злосторства кои биле осудувани за своите злобни дела.Некои од жените биле и умствено болни кои примале и психијатриска терапија.Една од причините за жената да стане злобна е поради тоа што немала право на глас и во семејството и надвор од него,па затоа го одбрала најлесниот начин за да се спротивстави на тие неправди а тоа е убиството.Но во некои случаи од своите злобни дела жените ги вллучуваат и нивните љубовници. Секогаш во овие злобни дела народот па и власта вината ја наогале во мажите а не во оној понежен и послаб пол како што се жените, но статистички гледано треба да се нагласи дека жените не убиваат повеќе отколку мажите туку само 2 процента се жени убици.Ако жената излезе пред судот и се докаже дека е невина тогаш е се во ред. Но ако се прогласи за виновна и зависи од тежината на злочинот што го направила , може да биде и распната на крст.П а во нашиов случај ке говориве за една млада девојка кога животот наеднаш и се претвара во пекол каде таа живее само заради освета.

АГРИПИНА МЛАДА

Агрипина припагала на едно од најбогатите семејства во Рим , каде таткои бил војсководец прмерен и паметен човек но ,бидејки бил многу напреден многу луге па и дури и царот како највисок орган во државата му биле љубоморни на неговото усовршување го убиле каде неговото семејство мислело дека го убил царот.Него го убиле кога Агрипина имала само три год. каде таа израснала во ужасна атмосфсра на злобата.Нејзината сестра умрела од глад на 33год.а царот објавил дека умрела од самоубиство доколку нејзините двајца браќа си ги отсекле гркланите.Агрипина се омажила за кнезот Доминик кој бил 20 год.постар од нејзе .Тој бил многу богат човек но бил суров и имал желба за да контролира па затоа тешко успевале во бракот бидејки Агрепини била многу сурова жена .Агрипина почнала да шпионира и да ги пронаога доказите што царот ги криел за нејзиниот татко , таа успеала да го освои срцето на царот и прифатила да се омажи за него бидејки нејзиниот маж набрзо умрел .Царот имал и многу други жени и сопирнички освен Агрепина па за да биде таа единствена кај него таа почнува да ги убива .Девојката почнала да ги носи во својата соба и ги убивала со јаже. Секој ден наогала извори и докази дека царот не само што го убил нејзиниот татко туку и нејзината мајка и дека бил во врска со нејзината сестра . Затоа нејзината желба за освета се повеќе раснела и немала граници .Бидејки таа ја завземала позицијата како наследничка после царот и имала голема моќ во државата и никој не сомневал дека токму таа може да направи такви зло дела. Нејзината желба да му се освети на царот за нејзината голема болка што и ја нанесол царот на нејзиното семејство конечно и се остварила со тоа што таа една вечер наредила на нејзините слуги да му донесаткафе во кој Агрепина претходо му ставила отров. Кога царот го испил кафето за половина час тој умрел.Агрипина ги повикала неговите слуги да му помогнат но веќе било касно каде таа почнала да глуми дека била исплашена и тажна додека нејзиното срце било исполнето со радост бидејки му се осветија за нејзината голема боллка . Неговиот престол го завземал нејзиниот син .


AddThis Social Bookmark Button


Анкета за најдобри жени во Македонија  

Wednesday, May 14, 2008

Скопјанки 17,50%

Велешанки 10,00%

Битолчанки 22,50%

Струмичанки 27,50%

Охриѓанки 5,00%

Прилепчанки 10,00%

Кавадарчанки 12,50%

Тетовчанки 5,00%

Гевгеличанки 10,00%

Кумановчанки 2,50%

Штипјанки 5,00%

Други 15,00%

AddThis Social Bookmark Button


НАПРЕД ДОМАЌИНКИ  

Thursday, May 8, 2008


Сега е актуелно да бидете домаќинка. И на ТВ-екраните и во нашето опкружување. Да не бидете кариеристка, туку госпоѓа. Да не бркате профит туку сопругот да ве издржува. Стресот да го замените со релаксација. Канцеларијата да ја замените со вашиот дом. Да ја почуствувате топлината на вашиот дом, дружејќи се со вашиот сопруг и децата. Да бидете целосно опуштени, и да се чуствувате како вистинска госпоѓа која ужива во слободното време дружејќи се со семејството, пријателките и во она што жените најмногу го посакуваат: шопингот.

Само ако сте дома можете:

*На раат да се разбудите

*Да го испиете утринското кафе со сопругот

*Да го испратите со бакнеж на работа

*Да ги однесете децата во градинка или на училиште

*Дотерани да пазарувате во некој од супермаркетите

*Да испиете пладневно кафе со пријателките

*да приготвите ручек за најблиските

*да ги земете децата од градинка или училиште

*сопругот да се врати од работа и да ви каже:"Што убаво мириса од кујната"

*да испиете пладневно кафе со сопругот и да прочитате некој добар весник

*да имате време за хоби, прошетка, за кино или за да изгледате добар филм дома

На запад паметните жени тоа го знаат одамна. Не форсираат да бидат деловни жени, туку мајки, сопруги, домаќинки. Кај нас паметните жени тоа го сфаќаат сега. Нормално, со чесни исклучоци. Да живеат македонските "Очајни домаќинки" Сузан, Бри, Линет, Габриел и Иди!

AddThis Social Bookmark Button


 

Design by Amanda @ Blogger Buster